Пакијао го одработи мерењето за прошталниот меч со Бредли (ВИДЕО)

Pakijao - Bredli merenje

Во Лас Вегас се одржа мерењето за третиот меч меѓу Мани Пакијао (06/02/57, 38 КО) и Тимоти Бредли (01/01/33, 13 КО).

Филипинецот најави простување по оваа борба, а на вагата имаше 66 килограми. „Пустинската бура“ беше 66,5.

Ќе се борат за Меѓународната појас на ВБО кој е испразнет. Постојат добри изгледи единствениот светски шампион во осум тежински категории да продолжи да се бори, но тоа дефинитивно ќе го дознаеме наскоро.

Во подглавната борба, Артур Абрахам (44-4, 29 КО) имаше 76,2 килограми за шестата одбрана на титула на ВБО во второто негово владеење во супер средна категорија, како и неговиот противник, непоразениот Жилберто Рамирез (33-0, 24 КО), на кого ова ќе му биде прва борба за титулата.

Евгениј Градович (21-1, 9 КО) во мечот со непоразениот Мексиканец Оскар Валдес (18-0, 16 КО) влегува на границата на перолесна со 57,2 килограми, а Валдес беше 200 грама полесен.

Преносот го отвораат боксерите во супер лесна категорија Жозе Рамирез (16-0, 12 КО, 62,6 кг) и Мануел Перез (1/11/25, 6 КО, 62,4 кг).

https://youtu.be/4qqTmVb4X3E

print