Павел Журвалев ја освои привремената титула на ФЕА

Павел Журавлев се врати во рингот по година ипол пауза на настанот на промоцијата ФЕА во Одеса.

36-годишниот Украинец ја освои привремената титула шампион во тешка категорија на Fighting and Entertainment Association пред домашните навивачи совладувајќи го Турчинот Мехмет Озер со прекин во втората рунда.

„Кајман“ првично требаше да се бори против Иранцот Ирај Азизпур.

Журавлев е поранешен привремен шампион на Глори во полутешка категорија. Откако ја освои титулата со победа против Сол Кавалари, во март минатата година го победи Американецот Мирон Денис. Потоа Глори го избриша од својата ранг листа без никакво објаснување за јавноста.

На настанот во Одеса настапи и Младен Кујунџиќ од Риека и со едногласна одлука го победи Португалецот Жоао Силва.

print