Отоворен тренинг на Макс Холовеј и Френки Едгар пред УФЦ 240 (ВИДЕО)

Останаа уште неколку дена до УФЦ 240, кој ќе се одржи оваа недела во утринските часови (македонско време) во Едмонтон, Канада.

Главниот настан на вечерта е мечот за титулата во перо категорија меѓу шампионот Макс Хoловеј (20-4) и предизвикувачот за појасот Френки Едгар (23-6-1).

Ова ќе биде трета одбрана на титулата за „Благословениот“ кој претрпе пораз во последниот меч против Дастин Пориер.

37-годишниот Едгар ќе се обиде да го освои појасот во втора категорија, откако пред неколку години Френки беше шампион во лесна категорија. Последен пат „Одговорот“ се бореше во април 2018 година кога го победи Куб Свенсон со едногласна одлука.

Во средата, Холовеј и Едгар го одржаа отворениот тренинг за медиумите и навивачите. И двајцата покажаа големо расположение и покажаа некои од нивните вистински можности, забавувајќи ја публиката од првата до последната минута.

print