Осум медали за Макпетрол на „Купот на шампионите“

Каратистите на Макпетрол изминатиов викенд освоиа 8 медали – 4 златни, 1 сребрен и 3 бронзени на Интернационалниот турнир „Куп на шампионите“ во Подгорица, Црна Гора.

Со медали се закитија:

1.Абдурахим Идризи сениори -60 кг, златен медал

2.Глигор Петков , -84 кг У-21 , златен медало

3. Витомир Трајковски кадети -70 кг, златен медал

4.Стефан стојановиќ кадети-70 кг, сребрен медал

5.Глигор Станоев сениори -75 кг, бронзен медал

6.Роберто Ацковски У21 категорија -67 кг, златен медал 

7.Абдурахим Идризи, постари јуниори У-21, бронзен медал

8. Глигор Петков oпен категорија, бронзен медал

На турнирот имаше преку 700 каратисти, од 50 клубови од 7 држави. 

„Овој турнир е еден од најдобрите и најквалитетни карате турнири во регионот, На турнирот учествуваа каратисти од седум држави, и сите дојдоа со цел да ја темпираат својата форма пред Светското првенство кое треба да се одржи во октомври во Чиле. Ние сме потполност задоволни од направената контрола.  Нашите спортисти направија многу индивидуални борби, освоивме осум медали и сега ќе продолжиме со темпирање на спортската форма“, изјави младиот тренер на Макптерол Петар Заборски.

print