Осум медали за Кеикс, два златни за Вероника Костовска во Сараево (ФОТО)

Осум медали за каратистите на Кеикс на Меѓународниот турнир „Сараево Вогшча опен 2018“ во Босна и Херцеговина, од кои 5 се златни, 1 сребрен и 2 бронзени. Најуспешна  е репрезентативката Вероника Костовска со два златни медали, во сениорска конкуренција во отворена категорија и во У-21. Другите ги освоија медалитево своите старосни категории – кадети и јуниори.

„Ова е тест пред битните натпервари што ги очекуваат нашите каратисти. Резултатите можеа да бидат и подобри, но битно ми беше да ги воочам грешките, за да може во периодот што следи да ги исправиме и го дадеме максимумот на репрезентативните натпревари“, изјави тренерот Елвир Куртановиќ

Медалите за Кеикс ги освоија:
Вероника Костовска – злато, сениорки
Вероника Костовска – злато, У-21
Убејд Дураковиќ – злато
Бериз Куртановиќ – злато
Арта Буши – злато
Јанина Дардишта – сребро
Јон Дардишта – бронза
Сајра Морина – бронза

Ipon.mk

print

Можеби ќе ви се допадне...