Осум медали за каратистите на Макпетрол на Државниот изборен турнир (ФОТО)

На Државниот изборен карате турнир за сениори-ки во Штип во најдобар резултат постигнаа каратистите од Макпетрол со вкупно освоени осум медали од кои 4 златни, 2 сребрени и 2 бронзени.

Медалите ги освоија:
1.Сара Радичевска златен медал во -50 кг
2.Наташа Стефановска златен медал во -61 кг
3.Давид Петков златен медал во -67 кг
4.Моника Стефановска златен медал во -68 кг
5,Симона Заборска сребрен медал во -55 кг
6.Ангела Мојсовска сребрен медал во -68 кг
7.Моника Пендаровска бронзен медал во -55 кг
8.Петар Заборски бронзен медал во -75 кг

„Ова првенство имаше пред се критериумски карактер за избор на македонската сениорска карате репрезентација која во ноември треба да настапи на Светското првенство во Мадрид, Шпанија“, истакнува тренерот на Макпетрол Бошко Заборски, додавајќи дека доминацијата на Макпетрол била на многу високо ниво во дисциплината борби за жени, каде што макпетролки не дозволиле да има некој поголеми изненадувања.

„За овој државен турнир ние цело лето се подготвуваме интензивно. Турнирот, поради критериумскиот дел за избор на репрезентацијата, е од големо значење за каратистите и затоа тие имаат и голем психички притисок. Ние генерално можеме да бидеме задоволни од постигнатото, со тоа што во нашите редови имаме натпреварувачки потенцијал и за подобри постигнувања. Најважно за сите нас е тоа што нашите каратисти останаа во игра и за вториот критериумски турнир кој треба да се реализира на Светската карате 1 Премиер лига во Берлин, Германија,од 14 до 16 септември. По овој турнир кој е највисоко рангиран светски настан, ние ќе го заокружи и уточниме составот за Светското првенство во Мадрид. Шансите на сите каратисти се подеднакви и затоа настапот на овој турнир и постигнатиот резултат ќе биде одлучувачки.

Останува да жалиме само за нашиот млад спортист Петар Спасеновски кој во финалната борба со спортистот од Гостивар Берат Јакупи во категорија -84 кг беше дисфалификуван со судиска одлука, за, по наше мислење, поделена одговорност на двајцата спортисти и поради тоа сребрениот медал не се смета, бодовите ќе бидат одземени. Петар Спасеновски ги загуби шансите во трката за ова СП“, вели Заборски.

Ipon.mk

print

Можеби ќе ви се допадне...