Осум златни медали за кикбоксерите на „Трофејот на Белград“, се очекува и деветиот (ФОТО)

На „Трофејот на Белград“ кикбоксерите од Македонија имаа одличен ден, бидејќи освоија повеќе златни медали. Со злата се закитија: Андреа Костовска, Миа Тодорова, Ледон Рамадани, Туркер Исмаил, Викторија Варадинова, Бобан Илиоски, Славче Арсов и Марјан Попадинов.

Сребрени медали освоија Мартин Митиќ, Иван Кукуновски и Ивановски Дилан. Бронза за Павел Стојчевски.  Миа Тодорова доби пехар за најдобар кадет, а Викторија Варадинова за најдобар јуниор.

Вечерва во финалето се бори Марко Тодоров.

„Миа Тодорова е млад натпреварувач и со начинот на кој се бореше покажа огромна храброст и желба за победите, затоа и освои и пехар за најдобар борец во кадетска конкуренција. Мартин Митиќ од КБК Гладијатор – Неготино загуби во денешната борба иако беше подобар од противникот“, вели тренерот на Шампион и селектор, Дејан Митровски – Урко.

„Најважно е што нашите момчиња покажаа големо познавање на кик боксот. Учесниците од странство во суперлативи зборуваа за нашите кик боксери. Мислам дека тие можат да постигнуваат и подобри резултати на европски првенства. Јас сум потполно задоволен од нивните борби. Само така нека продолжат“, изјави тренерот на Гладијатор од Штип ,Шенол Асанов за Арсов и Попадинов.

Резултати
-81 кг, лоу кик, сениори
Бобан Илиоски го победи Златко Турковиќ (Србија) бб

-55 кг, кик лајт, сениори
Андреа Костовска ја победи Кристина Риџошиќ (Србија)

-60 кг, лоу кик, јуниори
Викторија Варадинова ја победи Нирмана Бркиќ (Србија)

-65, кик лјат, кадет
Миа Тодорова ја победи Марта Ивановиќ (Србија)

-57 кг, кик лјат, кадет
Ледон Рамадани го победи Вук Станишиќ (Србија)

-32 кг, кик лајт, пионер
Туркер Исмаил го победи Иван Кукуновски

-29 кг, кик лајт, пионер
Иван Кукуновски го победи Александар Гал (Србија) 
(Сите се од Шампион – Скопје)

-94 кг, кик лајт, јуниор – Гладијатор (Неготино)
Мартин Митиќ  загуби од Дејан Петровиќ (Србија)
-74, кик лајт, јуниор – Гладијатор (Штип)
Марјан Пападинов го победи  Дамјан Манојловиќ (Србија) бб

-79, кик лајт, јуниор – Гладијатор (Штип)
Славче Арсов – Воислав Булатовиќ (Србија) 2-1

-47 кг, кик лајт, кадет – Ас (Делчево)
Дилан Ивановски загуби од Драган Недељковиќ

Сите резутати ОВДЕ.

Ipon.mk

print

Можеби ќе ви се допадне...