Осенсеи ја сефтоса годината со три медали на „Мимоза опен“ во Херцег Нови

Натпреварувачите на Осенсеи од Штип освоија три медали на Меѓународниот џиу џицу турнир „Мимоза опен 2019“ во Херцег Нови, Црна Гора.

Медалите ги освоија: Ева Димитрова – златен, Стефан Донев- сребрен и Даниел Николиски – бронзен.

На турнирот учествуваа 256 натпреварувачи од балканските држави.

Осенсеи ги почна натпреварите и во Јадранската лига, кои ќе полсужат за стекнување на искуство. Штипската екипа ги загуби двете средби со Херцег Нови 4-2 и со Марибор 5-1, а тоа се должи на фактот што Осенсе настапи само со тројца борци, додека тимови беа во комплетни состави.

Ipon.mk

print

Можеби ќе ви се допадне...