Ортиз и Стиворн ги чека борба за задолжителен предизвикувач на Вајлдер

Luis Ortiz Alen

Проблемите на Александар Поветкин го доведоа Луиза Ортиз во борба за местото задолжителен предизвикувач на ВБЦ.

Одлуката е на Кубанецот, бидејќи веќе е задолжителнен предизвикувач на ВБА федерацијата на победникот од мечот Ентони Џошуа – Владимир Кличко.

Но, нема гаранција дека навистина ќе се борат со победникот, бидејќи ИБФ исто така му нареди на победникот дека мора да се бори со Кубрат Пулев.

Поветкин по неуспешниот меч со Вајлдер имаше договорена борба против задолжителниот предизвикувач Бирмејн Стиворн, но на ден пред борбата беше откриено дека повторно е позитивен на допинг тестот.

Бидејќи и Б примерокот беше позитивен на остраин Русинот е отстранет од листата на ВБЦ. Ортиз е втор, а Бирмејн Стиворн е број еден.

Поветкин требаше да се бори со шампионот Дионтеј Вајалдер во мај, но борбата е откажана непосредно пред одржувањето, кога беше откриено дека рускиот боксер е позитивен на недозцолена супстанца.

Во врска со Поветкин, ВБЦ планира оваа недела да ја објави одлуката, но речиси сигурно го чека суспензија. Вајлдер на 25 овој месец ја брани титулата против Џералд Вашингтон.

print

Можеби ќе ви се допадне...