Ортиз: Го имав Вајлдер, но го спаси гонгот (ВИДЕО)

Луис Ортиз (28-1-2 НЦ, 24 КО) имаше шанса да стане првиот професионален светски шампион во тешка категорија од Куба.

38-годишниот Кубанец е поразен со нокаут во 10-тата рунда од ВБЦ шампион Дионтеј вајлдер (40-0, 39 КО). Кинг Конг веќе во петата рунда се најде на подот и се чинеше дека борбата нема да трае долго. Но, во 7-мата Ортиз успеа да стигне работ на прекинот и за малку да го заврши Вајлдер. Шампионот успеа да остане на нозе, но сите судии заокружија 10-8 за предизвикувачот.

32-годишниот Америкнец не само што го положи најтешките испит во кариерата, туку и го заврши со спектакуларен налет во 10 рунда соборувајќи го двапати предизвикувачот пред да ја прекине борбата судијата Дејвид Филдс.

Пред прекинот Вајлдер на бодовните картички имаше предност од 85-84.

„Мислев дека ја добивам борбата. Ова е тешкшки бокс и ме погоди со одличен удар. Тој е голем шампион“, изјави Ортиз кој е горд на својата зиведба.

„Тоа беше сјајна борба и мислам дека бев добар. Скоро го имав и мислам дека ќе го завршив да останеа уште неколку секунди од рундата“.

„Вајлдер, дефинитивно, го спаси гонгот. Мислам дека тоа е веќе беше готов со нозете. Но, мора да му оддадете почит, ја преживеа бурата. Јас сега само сакам да се вратам во рингот, се надевам дека ќе заработам реванш или да се борам за една од другите титули“.

.

print