Олмпија се преплати на први места, така беше и на „Легендите на Спартак“

На меморијалниот турнир „Легендите на Спартак 2019“ во Кочани екипата на Олимпија како во финишот на годината да се преплати на најмногу први места – освои четири златни медали и најуспешен клуб пред домакинот Спартак и Балканец кои имаа по две први места.

За најдобар техничар на турнирот е прогласен Дарко Коцев од Олимпија кој во својата категорија со освоени четири победи беше супериорен над противниците и со право го освои пехарот и ова престижно признание.

Медалите ги  освоија

Златни
32 кг Дарко Коцев
36 кг Димитар Панов
60 кг Давид Миленовски
76 кг Благој Спасов

Сребрени
55 кг Александар Миланов
90 кг Даниел Манов
60 кг Меланија Митевска

Бронзени
40 кгЈован Манов
80 кг Кире Малчев.

„Благодарност и до БК Спартак за добриот прием и одличната организација, ако се земе во предвид дека салата беше затоплена, како и доброто,фер и коректно судење.

И секако честитки до тренерите и борачите кои како и до сега го дадоа својот максимум.

Со овој турнир ја завршуваме годината со настапи и нашите борачи ќе одат на краток но заслужен одмор“, велат од Олимпија.

print