Олимпија ја официјализираше работата со донацијата од Могамед Ибрагимов (ФОТО)

Помладиот Боречки клуб Олипмпија прв ја прими донацијата душек со новите бои на ОСБ/UWW од страна на освојувачот на бронзниот медал на Олимписките игри во Сиднеј 2000 година, Могамед Ибрагимов и фондацијата Нима-спорт.

По тој повод водечките луѓе на Олимпија од Штип ја официјализираа работата и одржаа свеченост на којаа присутни градоначалникот на Општината, Благој Бочварски, подпретседателот на ФБСМ, Дејан Богданов, луѓе од бизнис секторот и многу преставници на боречките клубови во Македонија, како и други спортски работници, европски шампион во карате Емил Павлов.

„Ова е со цел на Општина Штип да и подариме една генерација на спортисти кои во иднина ќе го преставуваат штипското борење и на Македонија. Се надеваме дека во догледна иднина ќе имаме борачи кои достојно ќе го претставуваат макеоднското борење во Европа и светот“, велат од Олимпија.

Ipon.mk

print

Можеби ќе ви се допадне...