Ѕвездите на борењето Отарсултанов и Гадисов во Скопје на Светското првенство на воените сили

Ertan i Besmir matka 2

На 31. Светското првенство во борење за припадници на воени сили во слободен стил, грчко-римски и женско борење во Скопје од 15-25 септември ќе видиме плејада на учесници од Олимписките игри во Рио,  како и европски и светски шампиони.

Учесници на Светското воено првенство кој настапија на Олимписките Игри во Рио се:  третопласираниот Алберт Саритов од Романија, Радослав Баран (13-ти на ОИ) од Полска, Денг Живеи (13 ОИ) од Кина, Емилија Вуц Алина (18 ОИ) од Романија, Ивона Матковска (7 ОИ) од Полска, Сандеп Томар (15 ОИ) од Индија, Жоис Соуза де Силва (12 ОИ) од Бразил, Моника Мичалик (бронза ОИ) од Полска, Гилда Марија де Оливеира (10 ОИ), Агнешка Вишчек Кодрус (15 ОИ) од Полска, Алин да Силва (9 ОИ) од Бразил. Сепак, најзвучни имиња на првенството се Џамал Отарсултанов (олимписки шампион од Лондон 2012), Абулсалам Гадисов од Русија, светски и европски шампион од 2014 година.

На СП во Спортскиот центар „Борис Трајковски“ ќе продеифилираат преку 363 официјални лица од 35 држави и над 259 борачи. Покрај борачите учетсво ќе земат 26 судии, 40 шефови на воени мисии, 5 претставници на НАТО од Брисел и 1 претставник на Светската боречка федерација.

Behar mahmuti pozdravuva

Нашето Министерство за одбрана и Генералштабот на АРМ се главни покровители на СП поддржани од Владата и Агенцијата за млади и спорт, додека техничката организација е на Федерацијата за боречки спортови на Македонија и Сојузот на спорстки федерации на Македонија.

Голема поддршка на првенството даваат министерот Зоран Јолевски и државниот секретар Елизабета Чуповска Ристовска.

Земји учесници на СП се: Бразил со 32 борачи, САД 21, Русија 26, Полска 27, Индија 26, Ј.Кореа 24, Словачка 12, Грузија 4, Финска 9, Пакистан 7, Естонија 4, Латвија 3, Тунис 10, Азербејџан 12, Турција 4, Казахстан 7, Бугарија 4, Словенија 4, Романија 5, Белорусија 10, Украина 9, Кина 12, Египет 5, Бахреин 5, Еквадор 7, Швајцарија 5, Франција 4, Германија 4, Чешка 5, Мексико 5, Аргентина 9, Шведска 5 и Македонија 22.

Ipon.mk/В.Д.

print

Можеби ќе ви се допадне...