Олимпискиот шампион: Македонија нема нови легенди како Шабан Трсетна и Дарко Панчев и знам зошто!

Олимпискиот шампион Шабан Трстена изнесе интресно размислување на својот Фејсбук профил како се станува спортска легенда преку својот пример и Дарко Панчев. Тој постваува неколку логички прашања: како тоа, кога сега многу повеќе се вложува во спорот и се има многу подобри услови, а се нема резултати и легенди како Трстена и Панчев. Олимпискиот точно укажува на нитката која недостасува за да се стане спортска легенда…  

„Едно време, не така далечно, Македонија имаше причина за радост… македонските спортски легенди Дарко Панчев и Шабан Трстена се најдоа меѓу најдобрите спортисти на сите времиња во Југославија. Се прашувам која е причината што сега нашите спортисти стагнираат и не ја радуваат спортската јавност во нашата земја, со чесни исклучоци.

Ние растевме, трениравме и патувавме, барем за мене кажувам, но ова се однесува и за многу други спортисти од нашите генрации, во многу посиромашни услови и ги немавме задоволствата што ги уживаат денешните младинци. Сепак, тоа не не поколеба да го сакаме спортот и да тренираме со душа и срце, така што резултатите беа неминовни. Не калкулиравме, туку другите калкулираа и се плашеа од нас, бидејќи ние бевме велични во светскиот спорт, а тоа се постигнува со многу работа и љубов кон спортот“, напиша Трстена кој освои 19 медали на сите големи натпреварувања – Олимписки игри, Светски првенства, Европски првенства, Медитерански игри и Балкански шампионати.

Ipon.mk

print

Можеби ќе ви се допадне...