Олејник со гушење го победи Хант (ВИДЕО)

Алексеј Олејник (57-11-1 ММА, УФЦ 6-2) го победи Марк Хант (13-13-1 ММА, УФЦ 8-7-1) во главната борба на првиот УФЦ настан во Русија.

41-годишниот Русин во Москва славеше со давење од позади на 30 секунди пред крајот на првата рунда.

Хнат на почетокот погоди со моќен лоу кик во предната нога, потоа и со силен свинг кој видлигово го затресе Олејнике, но не продолжи да напаѓа. Домашниот борец одговори со кроше, а потоа го фати грбот и го собори Ханта. 44-годишниот Самоанец се спротивстави првите обиди од задушување, но Олејник успеа да го принуди да се предаде пред крајот на рундата. Ова беше неговата 45-та победа со сабмишн во кариерата.

Во претходниот настап беше поразен, како и Хант од Кертис Блајдес.

Олејник во 2013 година со сабмишн го победи Мирко Филиповиќ.

Никита Крилов (24-6, 6-4 УФЦ) е поразен во повратничкиот меч од Јан Балшовиц (23-7, 6-4 УФЦ). Полјакот доминираше со борбата во партер и со давење во втората рунда го натера Крилов да се предаде. На Блашовиц ова му беше четврта последователна победа.

Шамил Абдурахиов (19-4, 4-2 УФЦ) направи доволно со едногласна судиска одлука да го победи Андреј Арловски (27-17-1НЦ, 16-11 УФЦ). 39-годишниот Белорусин е 3-7 во последните 10 борби.

Стефан Секулиќ (12-3) во својот прв настап за најсилната светска ММА промоција е поразенсо едногласна одлука на поранешниот М-1 шампион во средна категорија Рамазан Емеев (18-3, 3-0 УФЦ).

УФЦ Фајт најт 136:
Алексеј Олејник – Марк Хант (сабмишн, давење од позади, Р1)
Јан Блашовиц – Никита Крилов (сабмишн,, Д’Арче-чаук, R2)
Шамил Абдурахимов – Андреј Арловски (едногласна одлука, 29-28, 30-27, 30-27)
Алексеј Кунченко – Тијаго Алвес (едногласна одлука, 30-27, 29-28, 29-28)
Калид Муртазалиев – C. Б. Доллавеј (ТКО, Р2)
Петр Јан – Џин Соо Син (едногласна одлука, 30-27, 30-27, 29-28)
Рустам Хабилов – Кајан Џонсон (поделена одлука, 29-28, 28-29, 29-28)
Маирбек Таисумов-  Дезмонд Грин (едногласна одлука, 30-27, 30-27, 30-27)
Магомед Анкалаев – Марчин Прачнио (КО, Р1)
Јордан Џонсон – Адам Јандиев (сабмишн, триаголник заглавје, Р2)
Мераб Двалишвили – Терион Варе (едногласна одлука, 30-25, 30-25, 30-25)
Рамазан Емеев – Стефан Секулиќ (едногласна одлука, 29-28, 30-27, 30-26)

.

print

Можеби ќе ви се допадне...