ОИ: Кубанецот Рамирез го победи Шакур Стивенсон во финалето на бантам категорија

Ramirez hakur boks OI

Кубанците Арлен Лопез во средна категорија и Робеиси Рамирез во бантам категорија ги освоија шампионските титули во боксерскиот турнир на Олимписките игри, а Британката Никола Адамс победи во мува категорија во женска конкуренција.

Рамирез во одличен меч го победи американскиот фаворит Шакур Стивенсон (29:28, 28:29, 29:28). Двајцата боксери им пружија вистинско шоу на гледачите во „Павилјонот 6“, покажувајќи одлични квалитети во три опасни рунди. Рамирез, кој го освои златниот медал во мува категорија и во Лондон пред четири години, се докажа и во можеби најконкурентната олимписка категорија.

Лопез го победи Узбекистанецот Бектемир Меликузиев (30:27, 29:28, 29:28) за титулата во средна категорија, каде што бронза освоија Азербејџанецот Камран Шахсуварли и Мексиканецот Мисаел Родригез.

Arlen Lopez od kuba

Женискиот бокс на Игрите е присутен само од 2012 година, Британката Никола Адамс ја победи Французинката Сара Урамунe и ја одбрани олимписката титула во категоријата мува (39:37, 39:37, 39:37).

 Nikola Adams boks OI

51 кг – жени, мува

1.Никола Адамс (Британија)

2.Сара Урамуне (Франција)

3.Канкан Чен (Кина)

3.Ингрит Лорена Валенсија Викторија (Колумбија)

-56 кг – мажи, бантам

1.Робеиси Рамирез (Куба)

2.Шакур Стивенсон (САД)

3.Владимир Никитин (Русија)

3.Муројдон Ахмадалиев (Узбекистан)

-75 кг – средна

1.Арлен Лопез (Куба)

2.Бектемир Меликузиев (Узбекистан)

3.Мисаел Узиел Родригез (Мексико)

3.Камран Шахсуварли (Азербејџан)

print

Можеби ќе ви се допадне...