Оездимир го нокаутира Латифи, штитеникот на Нгану стартуваше со победа (ВИДЕО)

Волкан Оездемир (16-4, 4-3 УФЦ) во Монтевидео је прекина низата од три порази.

Поранешниот предизвикувач на полутешка категорија на првиот настан на УФЦ во Уругвај во втората рунда го нокаутира Илир Латифи (14-7, 7-5 УФЦ).

Ова му е прва победа од јули 2017 година, а на на Латифи ова му беше втор последователен и трет пораз во последните пет борби.

Соборецот на Френсис Нгану, Сирил Гане (4-0, 1-0 УФЦ) дебитираше со победа која изненадувачки ја оствари со завршница.

29-годишниот Французин, кој оред оаѓањето во УФЦ беше блиску да преселба во Глори, влезе со 109, кг во мечот со 10 килограми потешкиот Бразилец Рафаел Песо (9-1, 0-1) и го заврши со давење со рачен триаголник пред крајот на првата рунда, нанесувајќи му го првиот пораз во кариерата.

Гилберт Барнс (16-3, 9-3 УФЦ) се врати во велтер категорија по повеќе од 5 години и ја прекина серијата на Алексеј Кунченко (20-1, 2-1 УФЦ) од 20 последователни победи.

33-годишниот Бразилец против две годишни постариот Русин славеше со едногласна одлука на судиите.

Мечот меѓу Бразилецот Рожер Бонторин (16-1-1NC, 2-0 УФЦ) и Раулино Паива (18-3, 0-2 УФЦ) беше прекинат во првата рунда откако Паива заработи голема исеченица над окото.

print