Одредени наградите за Првата и Младинската бокс лига

Управниот одбор на Боксерската федерација на Македонија (БФМ) ги одреди наградите за првопласираните екипи во Првата и Младинската лига.  

Шампионот во првата лига ќе добие парична награда од 40 илјади денари, второпласираната 30.000 и третата 20.000. Правкот на Младинската лига ќе биде награден со 30.000 денари, вториот со 20.000 и третиот со 10.000.

Да посетиме дека Чаир е водешка екипа и во двете конкуренции, со тоа што Првата лига веќе ја има шампионската титула, а во Младинската лига води со еден бод пред штипските екипи Баргала и Пинк Пантер.

Последното шесто коло од екипното првенство ќе се одржи во сабота во хотелот Ваго под шатор со двојна програма, од 15 часот се борбите се од Првата и Младинската лига, а од 19 часот е последното коло на Регионалната бокс лига меѓу Пинк Пантер Металац Ваљево.

print

Можеби ќе ви се допадне...