Одбројувањето на Белатор пред на дебито на Лиото Мачида: Кратето ми во крвта!

Во две ноќи по ред Белатор ќе ги одржи своите настани на Хаваите, поточно во Хонолулу. Во ноќта во петок спрема саботата на15 декември ќе го следат Белатор 212 со Брент Примус и Мајкл Чендлер во главните улоги, а само еден ден подоцна во текот на ноќта од сабота спрема недела на 16 декември, ќе го гледаме првиот настап на легендарниот Лиото мачида во новата промоција .

Откако во УФЦ постигна две победи по ред против Витор Белфорт и ерик Андерс, „Змејот“ одлучи да ја напушти промоцијата во кој помина толку многу години. Одлучи да отиде во конкурентскиот Белатор и да се обиде да стави крај на кариерата во новата средина. Мачида во првиот настап за промоција на Скот Кокер го очекува поранешниот шампион во средна категоријја Рафаел Карваљо.

Инаку, Белатор 213 го предводат Лима-Леи Масферлан и Валери Летурне во дуелот за титулата во мува категорија за жени. Лима-Леи е Хавјака, па не е изненадување што доби предност пред Мачида и Карваљо.

Целата листа на борби на овој втор настан (исто како и првиот) на Хаваите е со одлични мечеви и одлични имиња. Нејман Грејси ќе си одмери силите со Ед Рут, а Мухамед Лоуел со Лиам Мек Гери.

Белатор во понеделникот го објави првото продожени „Одбројување“ во пресрет на Белатор 213. А, спрема насловот на видеото, кое гласи „Каратето е во мојата крв“, јасно е дека фокусот е ставен на поранешниот УФЦ шампион Лиото Мачида.

.

print

Можеби ќе ви се допадне...