Огромен скандал: Прогрејс се откажа од Светската бокерска супер серија

Огромен скандал ја засени втората сезона на Светската боксерска супер серија. Финалистот во лесна категорија Риџис Прогрејс (САД) се откажа од турнирот и покрена тужба против компанија организатор „Комоса“, зад која стојар браќата Зауерланд.

Непоразениот Американец тврди дека е прекршен договорот за учество.

Тој тврди дека организаторите не го депонирале наградниот фонд во неутрална банка за претстојното финале со Џош Тејлор. Според адвокатите на Прогреј, „Комоса“ неколку пати ги одложувала гаранциите и не го спазила рокот за објавување на местото и датумот на борбата за трофејот „Мухамед Али“.

print