Објавени правилата за мечот Мејведер-Насукава

Објавени се правила за борбата меѓу Флојд Мејведер и Теншин Насукава.

41-годишниот Американец и 20-годишниот Јапонец ќе се борат за Нова година на настанот на Ризин.

Егзибицискиот меч ќе се одржи по правилата на боксот во три рунди по три минути.

Ќе носат ракавици од 8 унци и мечот ќе се одржи на 66,7 килограми. Нема да има судии, па ниту судиска одлука.

Пресметката ќе се одвива со полн контакт, но борбата не влегува во официјалниот скор.

print

Можеби ќе ви се допадне...