Обајвен е датумот за реваншот меѓу Вајлдер-Ортиз

Познат е датумот за реваншот меѓу Дионтеј Вајлдер (41-0-1, 40 КО) и Луис Ортиз (31-1-2 НЦ, 26 КО).

Мечот ќе се одржи на 23 ноември во Гранд арената МГМ во Лас Вегас.

 За 33-годишниот Вајлдер тоа ќе биде 10 одбрана на титулата во тешка категорија на ВБЦ.

Во првата борба во март 2018 година Американецот го нокаутира Ортиз во 10. рунда, но претходно беше сериозно здрман од Кубанецот во седмата рунда.

По неговиот прв пораз во кариерата, 40-годишниот Ортиз ги нокаутира Травис Кауфман и Разван Којану, а на поени го совлада Кристијан Хамер.

Вајлдер по првото претставување со „Кинг Конг“ ремизираше со Тајсон Фјури и потоа во мај го нокаутира задолжителниот предизвикувач Доминик Бризил.

Доколку Вајлдер повторно биде успешен против Ортиз, се очекува негова втора пресметка со Фјури.

На настанот во Вегас шампионот во ВБА во перолесна категорија Лео Санта Круз го брани појасот против Мигел Флорес.

print