Нуров остана без бронзен медал на Европското првенство

Магомаедгаџи Нуров (97 кг) не успеа да го освои долго очекуваниот бронзен медал за Македонија против Грузиецот Елизбар Одикадзе од Грузија на Европското првенство во Нови Сад, Србија. Нуров загуби со технички туш (10-0).

Нуров внимавајќи да не биде истуркан од довзолениот круг, Одикадзе му  направи акција иповеде 2-0, веднаш потоа имаше и исфрлање со што го зголеми водтсвото на 4-0. До крајот на првата рунда Грузиецот освои уште два поени.

Во втората рунда Нуров направи која ја искористи неговиот противник, а потоа и го префрли преку себе со што поведе 8-0, однсно 10-0, со што заврши борбата.

Тој до борбата за трофеј стаса преку репасажот, во кој со технички туш (10-0 на поени) славеше против Естонецот Рагнар Каасик.

Претходно, во осминафиналето, исто така со технички туш (10-0), го победи Србинот Марко Јовановиќ, а во четвртфиналето со 4-7 загуби од Риза Јилдерим од Турција. Така што не успеа да му се реваншира на Јилдерим за поразот на „Дан Колов“ во Бугарија кога го освои бронзениот медал. Бидејќи Турчинот се пласира во финалето, Нуров доби шанса во репасажот.

Утре настапува и нашиот последен борач на ЕП, Елмедин Сејфулаху (61 кг) кој ќе се сретне со Французинот Лури Симакин.

Ipon.mk/В.Д.

print

Можеби ќе ви се допадне...