Нуров обезбеди олимписка норма и ќе се бори за бронза на Светското првенство

Могамедгаџи Нуров (-97 кг) по 12 години обезбеди олимписка норма за Македонија откако во репасажот на Светското пренвснтво во борење во Нур Сулатан, Казахстан, го совлада Николаи Чебан од Моладавија со 2-1, со што обезбеди борба за бронзениот медал против домашниот борач Алишер Јергали.

Вчера Нуров славеше против Хосам Мерџани од Египет со 9-1, а потоа во осминафиналето беше подобар од Хозе Даниел Дијаз Роберти од Венецуела со 7–2, додека во четвртфиналето Нуров му се спротивстави на најдобриот борач во светот Русинот Абдулрашид Садулаев и загуби 0-6.

print