Нуров загуби во борбата за бронзата

Могамедгаџи Нуров го освои петото место на Европското првенство во борење за сениори во слободен стил во Букурешт, Романија, откако во борбата за бронзениот медал загуби од Нурмагомед Гаџиев (Азербејџан) 0-5.

Нашиот борач беше немоќен против Гаџиев кој прво поведе со 1-0, 3-0, 4-0 и на крајот со 5-0. Нуров повторно остана без медал од големите натпреварувања.

Да потсетиме дека пред еден час Владимир Егоров (-57 кг) го совлада Андреј Дуков од Романија за бронзениот медал во една возбудилива борба која заврши 7-4. Па така, по пауза од цели 12 години, Македонија освои медал на Европско првенство , последен пат во 2007 година се радувавме на еден континентален медал, кога Мурат Рамазанов (-60 кг) го освои бронзениот медал на ЕП во Софија, Бугарија.

Резултати
-97 кг
Могамедгаџи Нуров – Симоне Ијанатони (Италија) 11-0 (ТТ)
Могамедгаџи Нуров – Мураз Мчедлизе (Украина) 5-4
Полуфинале
Могамедгаџи Нуров – Абдулрашид Садулаев (Русија) 0-12 (ТТ)
За бронза
Могамедгаџи Нуров – Нурмагомед Гаџиев (Азербејџан) 0-5

-57 кг
Владимир Егоров – Муслим Садулаев (Русија) 2-5
Репасаж
Владимир Егоров – Леван Вртанов (Шпанија) туш 3-3
За бронза
Владимир Егоров – Андреј Дуков (Романија) 7-4

-61 кг
Елмедин Сејфулаху – Бека Ломтаѕе (Грузија) 0-10 (ТТ)

Ipon.mk

print