Нуров е на пат да избори олимписка норма за Олимпијадата на Светското првенство во Казахстан

Могамедгаџи Нуров (-97 кг) две победи на Светското првенство во борење што се одржува Нур Султан, Казахстан. Нуров првои славеше против Хосам Мерџани од Египет со 9-1, а потоа во осминафиналето беше подобар од Хозе Даниел Дијаз Роберти од Венецуела со 7–2.

Во четвртфиналето Нуров му се спротивстави на најдобриот борач во светот Русинот Абдулрашид Садулаев и загуби 0-6.

По ова, најверојатно ќе оди во репасажот, а како можен противник е Чебан од Моладавија. Со евентуална победа ќе се избори за олимписка норма после 12 години за еден македонски спортист.

Веројатноста е голема, бидејќи Садулаев е фаворит во полуфиналето Алишер Јергали од Казахстан, а во другото полуфинале Кајл Снајдер (САД) се бори со Шариф Шарифов од Азербејџан. На повидок е ново историско финале.

Елмедин Сејфулаху (-61 кг) загуби со 0-5 Керим Хојаков од Такиџастан. Нашиот борач не може да се надева на репасаж, бидејќи неговиот противник е поразен во наредната рунда.

print