Нурмагомедов против Фергусон на УФЦ 223, Конор останува без појасот?

Се чини дека Тони Фергусон (23-3, 13-1 УФЦ) и Хабиб Нурмагомедов (25-0, 9-0 УФЦ) ќе се борат на УФЦ 223.

Настанот се одржува на 7 април во Њујорк, а информацијата ја соопшти Дана Вајт.

Претседателот на УФЦ и по последниот настан во Сент Луис рече дека промоцијата работи на таа борба и дека во тој случај Конор Мек Грегор ќе остане без титулата во лесна категорија.

Тука не прецизираше каков е статусот на Ирецот.

Нурмагомедов и Фергусон веќе три пати имаа закажана борба, но до неа сѐ уште не се дојде.

33-годишниот Американец со давење со триаголник против Кевин Ли во октомври минатата година ја освои привремена титула во лесна категорија.

.

print

Можеби ќе ви се допадне...