Нурмагомедов: Конор не може да издржи 25 минути во кафезот

Хабиб Нурмагомедов исто така упати сериозни закани кон својот противник, Конор Мек Грегор пред нивната средба на 6 октомври на УФЦ 229.

„Може да зборува колку што сака. Знам, го сака тоа. Поважно е што ќе се случи откако ќе се затвори вратата на 6 октомври. Ќе го смачкам. Најпрво ќе го уморам и ќе го направам да изгледа лошо. Мислам дека не може да издрже 25 минути во кафезот. Можеби мисли дека ќе ме нокаутира, но ќе видиме дали ќе успее“, рече Нурмагомедов.

print