Новоселов спарингуваше со голема мечка (ВИДЕО)

По Хабиб Нурмагомедов, сега имаме нов ММА борец кој успеал да се избори со мечка – станува збор за контроверзниот Русин Максим Новоселов, познат под името „Mad Max“.

На видеото кое се појави на интернет, Новоселов е прикажан како се бори со огромната мечка во кавез во Перма на Сибир, што дефинитивно е премин на повисоко ниво на спаринг.

Во еден момент тој дури успева да ја собори мечката на грб.

„Мечка се бори против мечка“ – се слуша како на почетокот на снимката зборува Новоселов.

Иако мечката е прилично питома, сепак треба да му се честита на овој Русин за храброста поради тоа што се впуштил во ваква луда авантура која многу лесно можела да заврши со крв.

Новоселов иначе е голем вљубеник во животните, а особено во мечките кои често се мотивација за неговата гардероба и спортска опрема.

print