НК Битола со 12 медали ја покажа силината на БЏЏ купот „Монтана опен“ (ФОТО)

Нинџуцу клуб Битола на БЏЏ купот „Монтана опен“ во Бугарија освои 12 медали – 4 златни ,4 сребрени и 4 бронзи во конкуренција на 240 натпреварувачи од Бугарија, Србија и Македонија.

Во  принцип, за да се освои златен медал биле потребни 4-5 борби до злато и до 2 победи за бронза.

„Впечатливо е што од вкупно одработени борби 80 отсто од победите беа со завршница, а поразите беа тесни, битки кои ги губевме на поени. Имавме само три борби кои ги губевме на зафат и тоа две во категорија и една во апсолутна. Тоа е добар показател за следните наши успеси за кои ќе се работи уште подобро и попосветено. Друга битна работа е дека групата за деца и кадетската група од клубот прикажаа борби со кои докажаа дека се едни од најдобрите идни џиу џицу мајстори за кои ќе се слуша во иднина.Најдобар резултат индивидуално постигна Ѓуровски Стефан, кој со 5 победи и тоа сите со зафат, во првата борба демонстрира и летечки армбар, стигна до злато. Ова е 4-то злато по ре за него од исто толку учества на турнири“, истакнува тренерот на битолчани Сашко Мирчевски, додавајќи дека Ѓуровски во финалето имашл противник двојно потежок, повисок и повозрасен од него, што не било пречка за армбар.

Добри борби прикажале Филип Божиновски кој во категоријата ги добивал борбите со триангл давење и армбар, и во апсолутна, во многу интересна борба, губел на поени, но во последни 20 секунди издоминирал и го завршил противникот со армбар.

„Мирко Додевски прикажа одлични борби во категорија со завршници на давење со триаголник. Теодора Ѓуровска и Маријана Јоноска сигурни во свите победи за неполна минута проработија гилотините и армбаровите. Стефан В’нга даде две лавовски борби со силни противници и со многу желба за победа и јака борбеност стигна до злато. Димитар Петровски проработи со заклучување. Стефан Мишевски прикажа одлични борби од кои две доби со зафатот гушење и многу несреќно изгуби на поени за влез во финале, иако во текот на целата борба доминираше, до последните 20 секунди. Блажо Дардов славеше во два меча, а во третиот, за влез во финалето, ја прекина борбата поради нечесен потег на противникот кој го удри ,а судијата не реагираше .Осум наши борци немаа среќа овај турнир, но имаа голема лекција за следните борби“, објаснува Мирчевски.

Ipon.mk/В.Д.

print

Можеби ќе ви се допадне...