Ниту помалку ниту повеќе, Мајк Тајсон ќе му биде тренер на Хабиб за мечот со Мејведер

Непоразените борци, УФЦ шампионот Хабиб Нурмагомедов и легендарниот боксер Флојд Мејведер, се пред голем договор за нов спектакл.

За да биде конкурентен на Мејвеер Хабиб, како што пренесуваат светските медиуми, таткото муАбдуламанап Нурмагомедов потврди дека, ни повеќе ни помалку,неговиот син за големата борба ќе го подготвува лично Мајк Тајсон.

Руската новинска агенција ТАСС пренеусва и дека во неговиот тим најверојатно ќе биде иАнтоли Ломаченко, таткото на освојувачот на две олимписки злата, Василиј.

„Хабиб ќе има шанса да се испроба во боксот. Ќе има подобро прилика отколку Мек Грегор. Хабиб ќе влезе во судир со Американецот. Сакам најдобрите боксери на светот Ломанчеко и Тајсон да бидат во аголот додека мојот син боксира“, изјави таткото на УФЦ борецот.

И двјацата засега се без пораз, Мејведер има 50 победи, додека Русинот има 27, а како што велат тие во „џунглата“ има место само за еден крал.

.

print

Можеби ќе ви се допадне...