Ник Дијаз: Ковингтон знае каде да ме најде (ВИДЕО)

Поранешниот кандидат за титулата во полусредна категорија Ник Дијаз не се борел 4 години, но тој и натаму се зборува и предизвикува. Последната победа на Ник во кафезот беше во 2011 година, откако го совлада БJ Пен. Ова беше проследено со два последователни порази за титулата на Карлос Кондит и Жорж Сент Пјер.

Во 2015 година, Дијаз загуби со одлука на судиите на Андерсон Силва, но победата беше поништена затоа што Бразилецот падна на допинг тестот. Тоа беше последната борба на Ник во ММА и оттогаш е отсуствува. Неодамна, Колби Ковингтон повторно на негова адреса испрати навредливи зборови, а ТМЗ го пронајде Ник за коментар и еве што рече во навидум нетрезна состојба:

„Не направив ништо лошо. Каде сум грешел? Се борев со секого во кафезот. Нема да застанам тука и да го наречам лажго, затоа што не сум слушнал за тоа безобразно зборување. Сега разбирам од вас дека Ковингтон зборувал за мене.

Ако тој сака да се бори со мене, тогаш знае каде да ме најде. Не сум човек кој тешко се наоѓа. Нека ми дојде на дофат. Доаѓај брат. Си имам добар живот“.

print