Никола Арсов по втор пат најдобар на „Јордан Мијалков“ (ФОТО)

nikola-arsov

За најдобар боксер на Меѓународниот боксерски турнир „Јорна Мијалков“ во Штип е прогласен Никола Арсов од Пинк Пантер кој го освои и првиот трофеј, Александар Костиќ (Србија) најдобар техничар, Диел Враноци (Косово) и Петар Стошиќ (Србија) се најборбениот пар.

pobednici

Околу 1200 гледачи ја исплонија салата „Јордан Мијалков“.

mijalkov-vo-ringot-site-2016

Претседателот на Боксерската федерација на Македонија (БФМ), Игор Златков, кој го отвори Меѓународниот турнир „Јордан Мијалков“ за отврен истакна дека има натпреварувачи од три држави со 28 боксери. Тој изрази благодарност до БК Пинк Пантер за организацијата за овој турнир.

zlatkov-ilija-oliver-blagoja-na-mijalkov-2016

„Да соопштам една нова вест, Илија Младеновски е избран за потпретседател на Регионалната боксерска  лига, составена од клубови поранешната држава“, истакна Златков.

demirov-bokser-na-stoletieto-mijalkov-2016

За боксер на столетието во Штип е прогласен Џемаил Демиров, за што доби посебно признание. Селекторот на репрезентацијата и прв човек на БК Баргала, Петар Чурлиновски, доби признание за посебни заслуги за развој на боксот во Македонија. Благодарница доби и семејството Мијалкови.

ziri-komisija-mijalkov-2016

Државно првенство

Кадети

63 кг Менан Адемовски (Ас) – Рамо Казимов (Пелситер 2007)  1-2

Првите две рунди поминаа млако. Амедовски покажуваше малку повеќе активност, но без конкретна завршница. Во третата рунда Казимов беше поконкретен

Јуниори

60 кг Шпенд Гафури (Шкендија бокс) – Јасмин Мифтар (Аперкат) 3-0

Првата рунда помина во испитување на силите. Гафури имаше два предни директи, со што ја задржа преденоста. Третата рунда беше на послабо ниво, а Мифтар оствари предност.

viktorija-vardainova-boks-jordan-mijalkov-2016

Воведна

Викторија Варадинова (Пинк Пантер) – Ангела Милошевска (Фајтер – Илиери) 3-0 (ТКО, Р1)

Варадинова тргна силно од првата минута по што за кратко време борбата беше прекината во првата рунда.

„Јордан Мијалков“ – јуниори

56 кг Дамјан Пренчевиќ (Србија) – Александар Ристовски (Македонија) 0-3

Пренчевиќ во првата рунда се трудеше со директи да стекне предност, а Ристовски враќаше со аперкати, при што еден од нив доста добро го погоди противникот. Во втората рунда и двајцата боксери се трудеа да стекнат поголема предност. Во почетокот на третата Пренчевиќ зададе два прецизни удари, кроше и аперкат. Ристовски во третата рунда тргна решително и до крајот водеа жестока борба, а судиите победата му ја доделија на нашиот боксер, иако можеше таа да биде и за боксерот од Србија.

64 кг Емир Ибраим (Македонија) – Патриот Бехрами (Косово) 2-1

Ибраим и Бехрами водеа интересна борба во првата рунда со многу технички финеси, при што Емир се трудеше со левиот аперкат да зададе што повеќе прецизни удари од кои 2-3 завшија во главата на противникот. Во втортата рунда Бехрами го отвораше Ибраим со директ и потоа задавше аперкат и кроше. Ибраим се бранеше со гард и напаѓаше со аперкати, но без целосна завршница. Ибраим беше агресивен уште на почетокот на третата рунда, Бехрами добро контрираше. Кон средината на рундата Емир имаше еден слине аперкат, а потоа уште еден преден директ и аперкат. Сепак, судиите победата му ја доделија на Ибраим, иако се чини за нијанса подобар беше гостинот од Косово.

64 кг Кире Јаневски (Аперкат) – Дарио Стојанов (Баргала) 3-0

Јаневски и Митиќ не се штедеа и жестоко тргнаа во првата рунда и притоа рзменија доста удари. Во втората рунда и двајцата тактизираа и ги штедеа силите. Јаневски направи серија од три удари во глава во средината на третата рунда, Стојанов малку потоа имаше прецизен удар. Во последната минута се впуштија во овторена борба, при што Стојанов имаше прецизен директ, а возврати за некое време Јаневски со аперкат. Ова беше една од поубавите борби до тој момент. Домашната публика негодуваше на оваа одлука.

81 кг Роберт Ристовски (Македонија) – Алекса Митиќ (Србија) 0-3

Првата рунда се водеше од дистанца со кртаки влезови со два до три удари во појасот и во главата. Митиќ имаше три прецизни удари при крајот на рундата. Во вотората рунда Митиќ тргна жетоко со неколку удари во стомакот и во главата, а тоа беше знак судијата да му брои на Ристовски. Потоа Србинот имаше уште една разорна серија. Митиќ во третата рундо ја чуваше стекнатата предност од првите две рунди. Ристовски се обиде со една серија кон крајот на рундата да направи нешто повеќе, но тоа не беше доволно.

Сениори

64 кг Алмир Нуришов (Тернипе) – Јове Петровски (Пелистре 2007) 3-0 (без борба)

Петровски не се појави во рингот, а Нуришов ја доби борбата.

69 кг Диел Враноци(Косово) – Петар Стошиќ (Србија)  0-3 (ТКО, Р3)

Многу тактизрање и одмерување на силите во првата рунда. Во втората рунда покажа зошто е еден од најдбрите боксери во Српската прва лига со неколку конкретни удари кои го разнишаа Враноци. Со истото темпо продолжи и во третата рунда. Кон крајот на рундата му броеја на Враноци, а неговиот тренер ја предаде борбата.

nikola-arsov-so-trenerite-mijalkov-2016

75 кг Никола Арсов (Пинк Пантер) – Кристијан Андреев (Аперкат) 3-0 (ТКО, Р1)

Арсов понесен од домашната публика жестоко нападна, на една минута пред крајот му броеја на Андреев, што беше знак тренерите да ја предадат бробата. Арсов беше поздравен со овации за неговата експресна победа.

75 кг Мартин Алексов (Пинк Пантер) – Борис Мутков (Јордан Мијалков) 3-0

Во техничка борба Мартин Алексов ја диктираше борбата и имаше завршница на акциите со крошеа и аперкати. Втората рунда Мартин ја имаше поддршката на публиката, напаѓаше, но и Мутков возврати и не беше инфериорен како во првата рунда. Алексов не диктираше темпо како во првите две рунди, зашто снема сила и често пати беа во клинч, но во последната минута Мартин имаше неколку прецизни удари кои ја решија борбата.

75 кг Гоце Јанески (Македонија) – Александар Костиќ (Србија) 1-2

Ова беше борбата на вечерта која со нестрпление ја чекаа сите љубители на спортот во Штип и Македонија, затоа што Костиќ е прекален борец и е репрезентативец на Србија. Но, не видовме квалитетна борба, бидејќи и двајцата беа многу претпазливи.

Првата рунда се водеше со премногу респект и на дистнаца со по некој удар. Иста слика како и во првата рунда со тоа што Јанески имаше два прецизни удари. И трета рунда без конкретни акции.

81 кг Никола Стевановиќ (Србија) – Илче Јоноски (Македонија) 3-0

Стевановиќ и Јоноски водеа тактичка борба, а кај нашиот боксер се забележуваше недостатокот на кондиција. Во третата рунда Стевановиќ имаше 4-5 прецизни удари што му донесоа предност кај судиите.

+91 Александар Димовски (Македонија) – Марко Дочиќ ( Србија) 3-0

Тешкашите си ги одмеруваа силите а на крајот од рундата Димовски напдна со неколку удари кои завршија во главата на Дочиќ. И во втората рунда Димовски беше поактивен и имаше попрецизни удари. Во третата Дочиќ се обидуваше да ја надополни бодовната разлика, но Димса ја приведе борбата до крајот.

Државно првенство

Кадети

63 кг Менан Адемовски (Ас) – Рамо Казимов (Пелситер 2007) 1-2

Јуниори

60 кг Шпенд Гафури (Шкендија бокс) – Јасин Мифтар (Аперкат) 3-0

Воведна

Викторија Вардаинова (Пинк Пантер) – Ангела Милошевска (Фајтер – Илиери) 3-0 (ТКО, Р1)

„Јордан Мијалков“ – јуниори

56 кг Дамјан Пренчевиќ (Србија) – Александар Ристовски (Македонија) 0-3

64 кг Емир Ибраим (Македонија) – Патриот Бехрами (Косово) 2-1

64 кг Кире Јаневски (Аперкат) – Дарио Стојанов (Баргала) 3-0

81 кг Роберт Ристовски (Македонија) – Алекса Митиќ (Србија) 0-3

Сениори

64 кг Алмир Нуришов (Тернипе) – Јове Петровски (Пелистре 2007) 3-0 (без борба)

69 кг Диел Враноци(Косово) – Петар Стошиќ (Србија)  0-3 (ТКО, Р3)

75 кг Никола Арсов (Пинк Пантер) – Кристијан Андреев (Аперкат) 3-0 (ТКО, Р1)

75 кг Мартин Алексов (Пинк Пантер) – Борис Мутков (Јордан Мијалков) 3-0

75 кг Гоце Јанески (Македонија) – Александар Костиќ (Србија) 1-2

81 кг Никола Стевановиќ (Србија) – Илче Јоноски (Македонија) 3-0

+91 Александар Димовски (Македонија) – Марко Дочиќ ( Србија) 3-0

Ipon.mk/В.Д.

print

Можеби ќе ви се допадне...