Не номинираниот шампион Дејан Георгиевски доби специјално признание на Спортист на годината, а е кандидат за Олимпијадата во Токио 2020

Дејан Георгиевски доби специјална награда за особен придонес во македонскиот спорт во сениорска конкуренција,слична награда доби Кире Лазаров на изборот за Спортист на годината 2017.

Да потсетиме дека Дејан Георгиевски на Европското таеквондо првенство за сениори во олимписки категории во Софија го освои златниот медал, а бидејќи листите со номинациите од страна на Агенцијата за млади и спорт беа испратени до медиумите и националните федерации, европскиот шампион не беше номиниран, што е слабост на изборот.

Сепак, Георгиевски е најсериозен кандидат да обезбеди олимписка виза за Токио 2020.

Неговите тренери велат:
„Како највисоко остварен репезентативен спортски резултат во 2017 година ние сме мотивирани да одиме понатаму, во нови успеси за Македонија“!

Ipon.mk/В.Д.

print

Можеби ќе ви се допадне...