Нејт Дијаз: Јас сум најдобриот по Џон Џонс

Нејт Дијаз не се борел околу 3 години, но тоа не влијае на неговата самодоверба. Нејт ќе се врати во кафезот овој викенд за да се соочи со Ентони Петис во подглавната борба на УФЦ 241. Диајз е со скор 19-11 и доби три од последните седум,но и покрај тоа смета дека е меѓу тројцата најдобри борци во светот.

Нејт верува дека е втор по Џон Џонс и покрај отсуството, а овој викенд ќе може да го докаже тоа против атрактивниот поранешен шампион Петис. Во последните 10 борби, Нејт има освоено 8 бонуси, што само по себе зборува дека се подготвувал за да се врати триумфално.

„Во моментов сум во топ 2 од најдобрите борци. Сè уште сум во првите 3 и мислам дека сум после Џон Џонс. Сето тоа е точно, иако не сум борел три години. Не треба да се борам, затоа што може само да кивнам и сите знаат за тоа. Во последните три години тренирав повеќе од другите борци кои се борат.

Тренинзите се моето хоби. Живеев во камп за тренинзи, без да се борам и нешто требаше да се случи. Тие не се на мое ниво. Цело време се борев против организацијата. Можев да направам многу други различни работи, но желба ми беше да се вратам во кафезот“.

print