Нејт Дијаз се збогува со ММА

Нејт Дијаз е незадоволен од поразот што го доживеа минатиот викенд во Њујорк. Тој загуби од Хорхе Масвидал во битката за „најлошото копиле“, откако докторот не му дозволи да продолжи, бидејќи имаше сериозна повреда над и под окото. Тоа беше втора борба на Нејт оваа година, откако се врати во август по повеќе од 3-годишно отсуство и со одлука на судиите го победи Ентони Петис.

34-годишниот борец сакаше брз реванш со Масвидал, но во интервјуто по борбата, Дана Вајт изјави дека нема интерес за втора борба, затоа што доминирал Масвидал.

„Ебете го на реваншот. Оваа работа беше завршена пред и да започне. Заминувам, да се одморами ги ставам борбите во мирување“, напиша на Дијаз на социјалните медиуми.

.Дијаз е со скор 20-12 во ММА е поранешен предизвикувач за титула во лесна категорија. Во 2007 година го освои Ултимејт фајтер 5 во лесна категорија. Во последните 9 борби, Нејт има 4 победи и 5 порази во кафезот на УФЦ. Не е јасно колку е сериозен за ова повлекување, но ќе видиме во иднина.

https://www.instagram.com/p/B4joEhVg6Aa/?utm_source=ig_embed
print