Нејт Дијаз: Многу сакам да се борам со Хабиб, затоа што веќе го победив (ВИДЕО)

Нејт Дијаз се врати во УФЦ на настанот во Аризона, беше во аголот на Крон Грејси, кој успеа да дебитира со победа во УФЦ. Немаше како а да не го прашаат Нејт дали сака да се бори, при што категорично рече дека ќе се врати што е можно поскоро и дека многу сака`борба со Хабиб.

„Разговаравме со Шон Шелби и му реков дека сакам да се борам што е можно поскоро. Навистина сакам да се борам со Хабиб. Објавете дека ќе се борам со него, затоа што се бориме. Тој веќе има пораз од мене“.

Нејт алаудира на инциденот на Хабиб и неговиот тим со браќата Дијаз пред неколку години на настанот на ВСОФ. Дури и денес не можат да разберат кој беше подобар во мешаницата. Зад сцената во Аризона, Нејт ѝ рече на Меган Оливи дека ќе се врати, но Дана Вајт не верува:

Нејт не се борел од 2016 година, кога загуби со одлука на судиите од Конор Мек Грегор.

print