Несторовски го освои првиот бронзен медал за Македонија!

Martin na proglasuvanje

Мартин Несторовски го освои бронзениот медал на Европското првенство за сениори во Истанбул, Турција. Тој во категоријата над 84 килограми во борбата за бронзениот медал го совлада Фелипе Реис од Португалија со судиска одлука откако борбата заврши 1-1.

Ова е прв медал за Македонија на ЕП, имаме уште три шанси: Емил Павлов, ката тим и борби екипно, обете во женска конкуренција.

Вториот бронзен медал во оваа категорија го освои Јонатан Хорне од Германија.

Претходно, во четвртокот, Несторовски беше подобар од Лари Менгел (Естонија) 1-0, Микаил Давидов (Русија) 4-3, Шахир Атамов (Азербејџан) 0-0 –со судиско изјаснување, а за пласман фо финалето беше поразен од Слободан Битевиќ од Србија со 1-0.

ipon.mk/В.Д.

print

Можеби ќе ви се допадне...