Немања Мајдов е светски шампион во џудо

Србинот Немања Мајдов (-90 кг) стана светски првак во џудо откако во балканското финале го совлада Словенецот Михаел Зганк.

Ова е прва титула за Мајдов кој до неа стигна по двата жолти картони на Зганк.

Словенците,  пак, имаат причина повеќе и да се радуваат и да жалат на Светското првенство во Будимпешта, бидејќи Тина Трстењак (-63 кг) го освои сребрениот медал, по поразот од Французинката Клаирс Агбегнену.

Србите исто така имаат причина да жалат, затоа што Александар Кукољ остана без медал.

Секако, никој не очекуваше дека олимписката шампионка и надобра џудока во светот Мајлинда Келменди ќе остане без медал на Светскиот шампионат.

За жал, Македонија нема претставник на големите џудо собири и не извесно кога може да има.

Во досегашниот тек на првенството најмногу медали освои Јапонија 10 (6-3-1).

Јапонија      6-3-1
Монголија   1-1-3
Франција     1-0-1
Бразил          1-0-1
Србија           1-0-0
Германија   1-0-0
Азербејџан 0-2-0
Словенија   0-2-0

Ipon.mk/В.Д.

print

Можеби ќе ви се допадне...