Неверојатна завршница на Миша Циркунов на УФЦ во Ванкувер (ВИДЕО)

Се чинеше дека Миша Циркунов (15-5, 6-3 УФЦ) е многу блиску до пораз на УФЦ во Ванкувер кога со неверојатен потег направи пресврт во мечот.

32-годишниот Летонец го „свипна“ Џими Круте (10-1, 2-1 УФЦ) и  со ретка завтршница со „перуанската вратоврска“ го заврши Австралијанецот и му го нанесе првиот пораз во кариерата.

 Циркунов на тој начин се врати на победите откако во март загуби со нокаут за 38 секунди од Џони Вокер.

По победата против Андреј Арловски, Бразилецот Аугусто Сакаи (14-1-1, 3-0 УФЦ) го нокаутира поранешниот шампион во тешка категорија М-1, Марсин Тибура (17-6, 4-5 УФЦ) за 59 секунди со серија удари.

print