Неверојатен пресврт на првакот на Лумпини на турнирот на Ризин во Токио (ВИДЕО)

Ризин беше домаќин на четвртфиналето на турнирот во категориите до 58 и 61 килограм минатиот викенд во Токио.

Веќе пишувавме за атрактивниот нокаут на Теншина Насукава против Аргентинецот Федерик Рома.

Но, неговиот противник во полуфиналето, Суаким ПК Саенчимајтајџим ​​направи голем пресврт откато двапати беше на работ на пораз.

Актутелниот шампион на стадионот на Лумпини во Бангкок во четвртфиналето се бореше со Талисон Гомез Фереира. Бразилецот двапати го уриваше со десен оверхенд. За прв пат во средината, а втор пат на крајот на втората рунда.

Сепак, Суаким успеа да направи пресврт на мечот и го со удар во телото во третата рунда и го нокаутира Фереира.

Во другите борби, Тапруван Хадесворкаут во првата рунда го нокаутира Црниот Пантер.

Турнирот во категоријата до 58 килограми:
Теншин Насукава – Федерико Рома (КО, Р3)
Суаким ПК Саенчимајтајџим – Талисон Гомез Фереира (ТКО, Р3)
Широ – Власласлав Микитас (ТКО, Р3)
Рунггит Вор. Спанрапаи – Фред Кордеиро (едногласна одлука на судиите)

Турнирот во категоријата до 61 килограм:
Чан Хјонг Ли – Јуки (едногласна одлука на судиите)
Саексан Ор. Кванмуанг – Таига (поделена одлука на судиите, 30-29, 28-29, 30-28)
Генџи Умено – Лу Јун (едногласна одлука на судиите 30-28, 30-27, 30-27)
Таиџу Широти – Хектор Сантијаго (едногласна одлука по дополнителните рунди)

https://www.facebook.com/K1ckboxingNews/videos/417777588992970/

https://www.facebook.com/K1ckboxingNews/videos/404247507033520/

.

print

Можеби ќе ви се допадне...