Нгану посака меч со Волков

Поранешниот предизвикувач за титулата во тешка категорија на УФЦ, Френсис Нгану му фрли ракавица на Русинот Александар Волков. Камерунецот во моментов е без ривал. Тој е во одлична позиција да ја нападне титулата, но ќе мора да почека. Шампионот Стипе Миочиќ има повреда на окото и не е јасно колку време ќе се опорави.

Доскорешниот носител на појасот Даниел Кормиер исто така ја лечи повредата.

„Добра работа, Волков. Да го сториме тоа. Не се откажувај од мечот“, напиша Нгану на Твитер.

По неговата победа против Грег Харди, Русинот потврди дека е подготвен да се бори против Африканецот.

print