Нгану и понатаму меле – за 70 секунди го прегази Дош Сантос (ВИДЕО)

Френсис Нгану – Предатор продолжи со монструозните победи во тешка категорија на УФЦ. Тој го прегази вториот последователен поранешен шампион на организацијата на импресивен начин. Камерунуцеот го нокаутира Жуниор дош Сантос за само 71 секунда во главниот меч на УФЦ Фајт најт во Минеаполис.

Нгану изненадувачки го почна мечот со лоукикови. Дош Сантос одговори со истата техника, која дури за кратко го сруши ривалот. Бразилецот направи голема грешка откако не удари со моќно кроше. Нагано веднаш се контрираше и направи три последователни удари кои го соборија Сантос.

Камерунцеот продолжи со нападите пред да интервенира Херб Дин и да ја прекине борбата.

Тоа беше трета победа за Нгани, сите се за помалку од 71 секунда. Веднаш по средбата Африканцот побара да се бори за титулата со победникот од мечот Даниел Корми – Стипе Мочиќ.

print