На 24 мај ќе се одржи Меѓународниот турнир „Комплете винг чун комбат“

На 24 мај во Скопје ќе се одржи Меѓународниот турнир „Комплете винг чун комбат“ во салата на Работничи со учество на три клуба од Македонија и гости од Англија и Романија.

Натпреварите се во јуниорска и сениорска конкуренција. Кај јуниорите ќе се оценува демонстрацијата и борби до еден поен, притоа ќе се оценува изведбата, а не скорот.

Во сениорска конкуренција, за младите три рунди и борба со контакт со заштитна опрема до еден поен за една минута. Потоа ќе има и борба со змаеви стапови, која ќе трае 60 секунди.

Ќе има и слободна креативна демонстрација од елементите на винг чун во времетраење од 60 секунди која потоа ќе се оценува.

Постари сениори:  Спаринг борби со опрема до 1 поен – 60 секунди; креативна демонстрација- 60 сек. и  спаринг борба со батерфлај сабји  60 сл.

Ќе учествуваат демо тимовите на Дана Силјан – таи чи чуан, Томислав Ивановски ( Томе Ли)- карате до и Александар Арсов – таи чи чуан.

Ipon.mk

print