На 18 октомври голема пресметка Бетербиев – Гвоздик

Двајца најопасни боксери ќе се сретнат во рингот на 18 октомври во Филаделфија. Шампионот на ВБЦ во лесна категорија, Александар Гвоздик, ќе се сретне со шампионот на ИБФ, Артур Бетербиев, во многу очекуваната битка за обединување на титулите.

„Ова може да испадне битка на годината“, рече Боб Арум, менаџер на „Топ ранг“ и додаде:.„Тие се и рамноправни и непоразени шампиони во категоријата. Нема ништо подобро да се понуди во боксот“.

Гвоздик изјави дека сака да ги обедини сите титули во категоријата и почнува од Бетербиев.

„Ќе биде одличен меч и навивачите ќе уживаат. Тие го сакаа тоа и ние им го даваме. Знам дека ќе бидам шампион“.

Бетербиев исто така се радува што ќе учествува во оваа битка.

„Сакам да им се заблагодарам на Топ Ранг и Гвоздик, затоа што ќе ја направиме оваа борба. Ќе и го дадеме на навивачите она што го сакаат“.

print