На Љупчо Стојчевски му беше врачена наградата „7 Септември“ на Општина Делечево

Љупчо Стојчевски, кик бокс тренер и интернационален судија на свечена седница на Општина Делечво по повод олсободувањето на градот ја прими на општинската награда „7 Септември“ за особени достигнувања во областа на спортот која годинава за прв пат се доделува.

Наградата се состои во плакета и паричен износ од 3.000 денари.

Добитници на наградата се: Горан Велков и Љупчо Стојчевски за особени достигнувања во областа на спортот, примариус д-р Виолета Арсовска за особени достигнувања во областа на здравствената заштита, Кристина Петровиќ за достигнувања во областа на образованието, Андреј Илиевски- Волкашин за особени постигнувања во областа на филмската уметност и Петар Атанасовски- Пепин за достигнувања во областа на ликовната уметност.

Општина Делчево за прв пат ја воведе оваа награда, а целта е да се оддаде почит на поединци или правни лица за особени постигнувања од областа на стопанството, науката, уметноста, културата, воспитувањето и образованието, здравствената и социјалната заштита, спортот, заштитата и унапредувањето на животната средина и природата, како и во други области на трудот и творештвото од значење за развојот на Општината и нејзината афирмација во Република Македонија и во светот.

Ipon.mk

print

Можеби ќе ви се допадне...