На челниците на УФЦ и „падна камен од срце“: Хабиб и Конор го поминаа мерењето

Сигурно им падна камен од срцето на челниците на УФЦ кога нивниот шампион во лесна категорија Хабиб Нурмагомедов застана на вагата која покажа точно 70 килограми на денешната официјално мерење за утрешниот УФЦ 229.

Имено, Русинот беше „слаба алка“ за која се веруваше дека може да падне во официјалното мерење и да загрози целиот настан. Меѓутоа, лидерите на УФЦ многу мудро одлучија на истата листа на борби да ги наведат Тони Фергусон и Ентони Петис – двајца поранешни шампиони кои имаат легитимно право да скокнат во шампионскиот „главен настан“, ако нешто тргне наопаку.

Сепак, Нурмагомедов беше еден од првите борци кои дојдоа на службеното мерење и без посебни проблеми го помина со точно 70,00 килограми. Конор Мекгрегор се појави пред самиот крајот на времето дозволено за мерење. И тој беше прецизен и на сцената излезе со речиси иста тежина како и неговиот противник (69,80 кг).

УФЦ 229 – официјално мерење:
Хабиб Нурмагомедов (155 lb) – Конор Мек Грегор (154,5 lb)
Тони Фергусон (155 lb) – Ентони Петис (156 lb)
Овинс Сент Про (205,5 lb) – Доминик Рејес (204,5 lb)
Дерек Луис (265,5 Ib) – Александар Волков (251 lb)
Мишел Ватерсон (115 lb) – Фелис Хериг (115.5 lb)

Воведни борби:
Серхио Петис (125 lb) – Јусиер Формига (125,5 lb)
Висенте Луке (170,5 lb) наспроти Јалин Тарнер (169,5 lb)
Аспен Ладд (134,5 lb) – Тони Евингер (136 lb)
Скот Холцман (155,5 lb) – Алан Патрик (155,5 lb)
Лина Лансберг (135,5 lb) – Јана Куницка (134,5 lb)
Греј Мајнард (156 lb) – Ник Ленц (156 lb)
Рајан ЛаФларе (171 lb) – Тони Мартин (171 lb)

.

print

Можеби ќе ви се допадне...