На Хабиб му понудија 5 милиони долари за борба во Русија!

khabib-nurmagomedov-kapa-2

Хабиб Нурмагомедов, најдобриот светски ММА борец во лесна категорија, се уште чека на расплетот на ситуацијата за својата следна борба, а изагледа дека неговото несогласување со политиката на УФЦ се обидуваат да ја икористат други промоции.

Според Али Абдел Азиз, менаџерот на Хабиб, на непоразениот дегастански борец му понудиле 5 милиони долари за борбата надвор од УФЦ.

„На крајот на денот Конор ќе го добие она што го сака, но Хабиб нема да се бори освен ако не е во игра појасот. Мора да да го разберете, Хабиб е под договор со УФЦ и никогаш нема да го прекине за да потпише со друга промоција.

Но тој доби понуда вредна пет милиони долари за борба во една руска промоција. Дали ви е јасно сега колку може да добие тој? Сепак, ние нема да го прифатиме тоа ниту пак да направиме нешто слично, бидејќи ќе го испочитуваме договорот со УФЦ“, изјави Абдел Азиз во разговор со Ариел Хелвани.

print

Можеби ќе ви се допадне...