На Мани Пакијао му ја ограбиле куќата во ноќта додека го претепуваше Бронер (ВИДЕО)

Додека ги презентираше сите убавини на неговиот бокс во мечот против Адриен Бронер, разбојници влегле во куќата на Мани Пакијао и отуѓиле работи со голема финансиска вредност.

За разлика од Адриен Бронер, кој по мечот тврдеше дека е ограбен, неговиот противник буквално е ограбен. Арамиите провалиле во неговиот дом во Калифорнија и, според медиумите, однеле се што би можело да има значајна финансиска вредност.

Како што објавуваат истите медиуми, а може да се види и на снимките, тие не го направиле тоа во тишина, туку затечената ситуација била таква што работите биле расфрлани насекаде низ куќата. За жал, ништо не останало од вредните работи, што само открива дека разбојниците биле свесни дека влегле незабележано, така што  имале време колку што им било потребно.

Обид за грабеж на домот на Мани се случија и пред две години, но тогаш соседите забележаа нешто чудно и ја повикале полицијата која уапси четири сторители. Овој пат, се чини, во прашање била нешто по попрофесионална екипа.

.

print