На Манговска и Костовска бронзите и беа на дофат на Европското првенство во Сочи

 

 

 

На последниот ден од Европското карате превенство за кадети, јуниори и јуниори 21 во Сочи, Русија, македонските репрезентативки во У-21 Драгана Манговска и Вероника Костовска се бореа за бронзени медали, за жал, беа поразени од Инес Грдениќ и Гвендолин Филипе.

Манговска и Костовска ги освоија петите места во нивните категории.

Манговска во борбата за бронзаениот медал е поразена со минимален резултат од 0-1 од Хрватката Инес Грдениќ, додека Костовска претрпе пораз од Французинката Гвендолин Филипе од 1-5.

Така, Македонија и на  ова Европско првенство освои само еден медал, но за разлика од минатогодишното сега е сребрен на јуниорот Фаик Весели.

Резултати

У-21
-50 кг
Драгана Манговска – Сара Леал (Португалија) 3-0  од  2.коло
Драгана Манговска – Надија Гомез Моралес (Шпанија) 2-2
Драгана Манговска – Кармен Клемент (Унгарија) 2-1 репасаж
Драгана Манговска – Инес Грдениќ (Хрватска) 0-1 за бронза

-55 кг
Моника Пендаровска – Гизем Бугур(Германија) 1-1 од 2. коло

-61 кг
Вероника Костовска – Марјам Закјуоми (Данска) 4-0
Вероника Костовска – Алисон Берна (Луксенбург) 0-1
Вероника Костовска – Сара Елварт (Полска) 6-0 репасаж
Вероника Костовска – Гвендолин Филипе (Франција) 1-5 за бронза

-68 кг
Ангела Мојсовска – Анастасија Џјачкова (Белорусија) 5-1
Ангела Мојсовска – Алина Кронишова (Латвија) 3-3
Ангела Мојсовска – Маделајне Шроетер (Греманија) 0-6

-60 кг
Ардит Марку – Леонардс Кузминс (Латвија) 1-4

-67 кг
Константин Василевски – Сами Енхаили (Шпанија) 2-1
Константин Василевски – Александар Гутник (Русија) 0-0
Константин Василевски – Емин Мушановиќ (БиХ) 0-0

-75 кг
Доан Османи – Беслан Мизов (Русија) 4-6

-84 кг
Петар Спасеновски – Мурад Балакишиев (Азербејџан) 6-5
Петар Спасеновски – Марцел Баун (Германија) 2-2

Ipon.mk

print

Можеби ќе ви се допадне...